За кривичното дело „телесна повреда“ се пријавени Ф.Д. (20) и Д.Д. (19) од Штип, а за „загрозување на сигурноста“ е пријавен Д.Д. (19), исто така од Штип.
Според МВР, првопријавениот на 1 ноември, по претходна расправија во семејниот дом, извршил психичко насилство врз својата мајка. Второпријавениот се сомничи дека кон крајот на октомври физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом.
За лицето наведено како третопријавено, полицијата наведе дека на 30 октомври во семејниот дом упатило закани по животот на својата мајка.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.