Целта на акцијата беше да се спречи ризично однесување во сообраќајот што може да доведе до загуба на човечки живот. Кампањата се одржа под мотото „Патиштата си имаат своја приказна – Кажи стоп за смртта на патиштата“.
Летоците ги делеа полицајци од Отсекот за превенција при СВР Штип и од штипската сообраќајна полиција, заедно со претставник на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува секоја година во третата недела од ноември.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.