Фотографија од настанот · НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип
НУ-УБ „Гоце Делчев“ од Штип одржа книжевна дружба со деца од големите групи во објектите „Виножито“ и „Бамби“.
Активностите имале за цел да поттикнат позитивни навики за грижа и чување на книгите.
Средата во градинката е прогласена за овошен ден, па дел од дружбата бил посветен на темата „Јаболко“.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ од Штип одржа книжевна дружба со деца од големите групи во објектите „Виножито“ и „Бамби“. Во рамките на активноста децата ја посетија библиотеката и преку игра учеа како се станува нејзин член и како се позајмува книга.
Децата се запознале со изгледот и улогата на библиотеката, како и со значењето на книгите и читањето за нивниот раст и развој. Активностите имале за цел да поттикнат позитивни навики за грижа и чување на книгите.
Средата во градинката е прогласена за овошен ден, па дел од дружбата бил посветен на темата „Јаболко“. Децата читале, слушале и боеле на таа тема.
Во знак на благодарност, децата ѝ подариле благодарница на библиотеката. Се разделиле со песна, а потоа се почестиле со јаболко.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.