Клековски ја даде најавата при посетата на Општата болница Кочани, каде што се информирал за опремувањето и работата на одделите. Тој рече дека треба да се разгледа кои услуги ќе се развиваат во Кочани, а кои во Штип, за болниците да се надополнуваат, наместо да се планираат одделно.
Во кочанската болница веќе се користи опрема за оперативна сала вредна 47 илјади евра, донирана од „Polish Aid“ преку Амбасадата на Полска. Во неа претходниот ден биле извршени три операции.
За болницата е набавен и нов дигитален рендген, за кој се очекува инсталација. Одделот за физикална терапија е опремен со современа опрема, а итната медицинска помош има две нови амбулантни возила.
Клековски оцени дека со новите гинеколози има значаен раст на бројот на раѓања во болницата. Тој порача дека државната поддршка ќе биде долгорочна, а не само по повод посетите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.