Фотографија од настанот · СОУ Јане Сандански – Штип
Учениците мереа шеќер во крвта и крвен притисок кај пензионери.
Во посетата ги придружуваше стручната наставничка Кате Шаклева.
Повод беа Мовембер и Светскиот ден на дијабетесот.
Ученици од СОУ „Јане Сандански“ денеска им мереа шеќер во крвта и крвен притисок на пензионери во Здружението на пензионери во Штип. Активноста беше насочена кон подигнување на свеста за редовните здравствени контроли, превенцијата и грижата за сопственото здравје.
Во посетата учествуваа дел од учениците од „II-1“ клас, заедно со стручната наставничка Кате Шаклева. Повод беа одбележувањето на Мовембер, месецот посветен на машкото здравје, и Светскиот ден на дијабетесот.
Преку мерењата учениците го применија стекнатото теоретско знаење во практика. Од училиштето ја оценија посетата и како можност младите да покажат емпатија, внимание и почит кон повозрасните лица.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.