На средбата „Средба со зборот“, учениците му поставуваа прашања на Петревски за неговото творештво, инспирацијата и погледите кон литературата. Од училиштето ја опишаа атмосферата како пријатна и непосредна, исполнета со љубопитност и книжевни разговори.
Писателот гостуваше на покана на учениците од проектната активност „Литературни клубови и драмски секции“, кои работат под менторство на професорката Соња Шијаков.
Книжевниот разговор имаше и музички дел. Ученичката Лина Петрова, која го водеше настанот, изведе две музички композиции.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.