Митрополитот Иларион отслужи литургија во храмот при штипскиот Клинички центар.
Влатко Мирасчиев одржа беседа на крајот од литургијата.
Со архиерејска литургија што ја отслужи брегалничкиот митрополит Иларион, денеска беше одбележан споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан во истоимениот храм во дворот на Клиничкиот центар во Штип.
На крајот од литургијата, со благослов на митрополитот Иларион, пригодна беседа одржа архиерејскиот намесник на штипското намесништво, протоереј-ставрофор Влатко Мирасчиев.
Потоа митрополитот изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.