Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Штип
Планирани се зеленило, садници, клупи, урбана опрема и осветлување.
Станарите ги отстраниле времените објекти, според градоначалникот Иван Јорданов.
Почна хортикултурното и партерното уредување на просторот меѓу улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во населбата Сењак во Штип. На местото на поранешните лимени гаражи се планираат парк и паркинг.
Предвидени се зеленило, садници, урбана опрема, клупи и целосно осветлување на просторот.
Градоначалникот Иван Јорданов соопшти дека станарите самоиницијативно ги отстраниле времените објекти и придонеле да се создадат услови за уредување.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.