Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Зимската опрема е задолжителна од 15 ноември до 15 март 2027 година, независно од временските услови.
Полицајци во центарот на Штип делеа летоци и советуваа за безбедно возење во зима.
Полицајци денеска во центарот на Штип делеа едукативни летоци и ги потсетија возачите дека зимската опрема во возилата е задолжителна од 15 ноември до 15 март 2027 година, без оглед на временските услови.
Службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип ги советуваа возачите да ја приспособуваат брзината на условите на патот, да користат соодветни пневматици и да поседуваат синџири за снег. Активноста беше насочена кон одговорно учество во сообраќајот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.